Изгоре теренско возило на Стража

од desk2
97 прегледи

Теренско возило со кумановски регистарски ознаки синоќа се запалило на бензинска пумпа на Стража, по што од вработените било истуркано надвор од бензинската пумпа, по што целосно изгорело.

Во полицискиот билтен е наведено дека синоќа околу 22:15 часот, на бензинска пумпа на месноста „Стража“ дошло до опожарување на теренско возило „Ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од кумановецот В.Б.(32), а сопственост на приватна фирма од Куманово.

Пожарот настанал во моментот кога возилото било полнето со гориво. Пожарот избувнал од долниот дел на моторот, а од страна на вработените возилото било истуркано надвор од бензинската пумпа. Веднаш потоа пожарот го зафатил целото возило.

По интервенција на Територијалната противпожарна единица Гостивар, пожарот бил изгаснат. Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициска станица Гостивар. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Слични содржини