На автопатот Тетово– Скопје, во близина на Карпалак, вчера настанал пожар на патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.П.(57) од с.Сарај, скопско, додека се движело.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица-Тетово.
Увид на местото на настанот бил извршен од увидна екипа од СВР Тетово, која добила повик за инцидентот вчера во 10 часот.