Изградбата на објектот „Гранд“ да почне час поскоро, велат жителите на Ново Маало

од Nikola Popovski
471 прегледи

По вчерашната јавна презенатација на проектот „Гранд“ од страна инвеститорот кој треба да се гради карши „Холидеј Ин“, жителите на Ново Маало ја информираа јавноста дека целосно го поддржуваат презентираното.

-Драго ни е што инвеститорот најави целосно реализирање на сите обврски кон нас и очекуваме реализацијата на овој проект да почне во најбрз рок. Од она што го видовме вчераа, може да се заклучи дека просторот целосно се уредува, а посебно е за поздавување најавата за изградба на голема зелена површина со фонтана во средината на паркингот со големина колку Плоштад Македонија, велат жителите.

Тие и денеска побараа изградбата на висококатниците да почне час поскоро бидејќи живеат во супстандардни услови. Иако Ново маало не е опфатено со парцелата каде треба да се градат трите висококатници, жителите се надеваат дека ќе успеат да се договорат за да добијат станови.

Министер за транспорт и врски Благој Бочварски денеска изјави дека Општина Центар не доставила елаборат за суспензија на ДУП-от за проектот кај „Холидеј Ин“.

-Утринава имав состанок со градоначалникот на Општина Центар, тие денеска имаат седница на Совет. Знаете дека деталните урбанистички планови се во сопственост на општините, ние сме само како контрола , така што нивна е одлуката која ќе ја донесат на седница на Совет. И по таа одлука ние очекуваме одговор за тоа дали ќе одат во насока на барање на стопирање на некои од плановите или за цел план, изјави Бочварски.

Тој кажа дека неговото министерство нема добиено  елаборат за суспензија од општина Центар.

Слични содржини