
Изградбата на рударскиот комплекс Казандол влегува во завршна фаза. Се гради патната инфраструктура се подигаат езера со геомембрани, насипи, се поставуваат цевководи, хидранти, пумпни станици. Се во функција на отпочнување на ископот на руда и производство на катоден бакар. Но Спас за Валандово не отстапува. Тврдат дека геобембраната нестручно се поставува и треба градежните активности веднаш да се стопираат, информира ТВ24.
„Гледаме од фотографиите дека таа е нестручно поставен, има длабоки процепи на мембраната. Нашите барања остануваат исти, бараме под итно стопирање на изградбата на рударскиот комплекс Казандол заради тоа што 4.609 граѓани на референдумот кажаа дека се против изградба на рудници на територијата на општина Валандово“, вели Роберт Марков – Спас За Валандово
Сардич МЦ тврди дека се инсталира најквалитетната геомебрана од производители на ЕУ. Пред таа да се постави како хидроизолација била подложена на најригорозни тестирања во еминентни лаборатории во Англија. Тврдат дека нема да се испуштаат никакви штетни емисии.
„Рударскиот комплекс Казандол нема да има никакви емисии ниту во водата, ниту во почвата ниту во воздухот, затоа што технолошкиот процес е така проектиран во него да се врши рециркулација на сите технолошки раствори и елементи“.
Државниот инспекторат за животна средина идната недела повторно ќе изврши увид на градежните работи на Казандол откако пред месец дена направиле скенирање на состојбите.
Сакаат да ја вратат довербата во институции и да се почитува македонската законска регулатива за отворање рударски капацитети.
„Во координација со други органи ќе извршиме детална контрола со цел да се утврди дали се почитуваат сите процедури, стандарди, мерки, согласно студиите во процесот на изградба на Казандол“ кусо ни изјави директорот на инспекторатот Мирослав Богдановски.
Властите ветуваа дека рудниците во југоистокот ќе застанат оти носат лошо здравје и слаби перспективи и дека ќе се најде решение да се задоволат интересите и на инвеститорите и граѓаните.
Компанијата Сардич МЦ напролет ги очекува преостанатите дозволи, а интегрираната дозвола и одобрението за употреба на објектите во комплексот со што ќе ја потврди проектираната и имплементирана технологија за заштита на животната средина за безбедност при работа при што овој комплекс ќе почне да функционира.