Во Европа во моментов се градат 1,5 милиони станбени единици, што е за 5,5 отсто помалку отколку во 2024 година и најниско од 2015 година.
Во Германија, пак, следната година ќе бидат изградени само 175.000 станови во најлошото сценарио, 15 отсто помалку од оваа година, според пресметките на аналитичката мрежа Еуроконструкт, а сумирани од минхенскиот институт Ifo.
Според Ifo, членка на Еуроконструкт, позитивните сигнали доаѓаат главно од северна Европа. „Пазарите во нордиските земји значително закрепнуваат“, нагласи претставникот на институтот Лудвиг Дорфмајстер. Во Шведска, завршената изградба на станови се очекува да порасне за 12% оваа година.
Следната година, Данска (+28 отсто), Финска (+23 отсто) и Норвешка (+13 отсто) ќе водат во однос на завршените станбени проекти. Позитивен тренд е забележан и во Полска (+10 проценти). Од друга страна, пад на завршената станбена изградба се очекува во Австрија (-9 проценти) и во Франција и Италија (-3 проценти).
Негативниот тренд продолжува во Германија. Според најлошото сценарио, само 175.000 станбени единици ќе бидат завршени таму во 2026 година, 15 отсто помалку од очекуваното оваа година. Закрепнувањето на пазарот во моментов се задржува поради високите трошоци за изградба, истакна Дорфмајстер.