Изградби, реконструкции…Почна трката за локалните избори

од Берта Китинска

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во своето обраќање од говорницата во Битола најави победа и во сите останати општини на 17 октомври.

„Ја бараме вашата поддршка на престојаните локални избори да направиме уште еден чекор напред, да го избереме најдоброто за секоја општина, Ја развиваме државата на меѓународен план, ги развиваме општините на домашен план, го унапредуваме квалитетот на живот, расте животниот стандард. Земјата заедно ја поставивме во вистинскиот правец. Патот е прав. Конечно тргнавме напред. Одиме напред“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ кажа дека  во изминатите четири години од централниот буџет се префрлени пари кон општините за да ги одблокираат сметките, а за разлика од нив ВМРО-ДПМНЕ трошеле пари за градење споменици. „Сега нека им гласаат спомениците“, рече Заев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од Античкиот театар во Охрид ја почна изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октоври. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски најави победа на изборите и нова иднина за граѓаните која ќе ја донесат градоначалниците и советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

„На овие избори, одлуката како понатаму зависи од самите вас. Дали ќе дозволите да продолжат на ист начин како досега, или ќе им покажете дека мора поинаку и дека не сте задоволни од ова што се случува, и ќе ја почувствувате шансата која е пред сите вас, да покажеме сите заедно дека заслужуваме една нова иднина, во која нашата татковина Македонија ќе биде нормално, убаво место за живеење. Нашата програма содржи 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Поточно гарантираме изградба за реалните буквално потреби на граѓаните. Ветуваме изградба и реконструкција на 2.000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини и многу, многу други конкретни дела“, рече Мицкоски во говорот во Охрид.

Слични содржини