Изградивме 81 градинка и 12 центри за ран детски развој, порачаа од СДСМ

од Nikola Popovski

Од 2017 година, досега, изградени се 81 градинка и 12 центри за ран детски развој низ целата држава, соопштија денеска од СДСМ.

Посочуваат дека истовремено не се заборавени оние коишто ги чуваат и воспитуваат децата.

-Платите на воспитувачките од 2017 година до денес се зголемени за 81 отсто, за негувателките 89, а примањата на техничкиот персонал се покачени за над 100 отсто.

Со новиот Општ колективен договор, со септемвриската плата секој вработен во јавниот сектор добива 10 отсто покачување, а до крајот на годината ќе добијат и 10.000 денари К-15.

Грижата за децата и вложувањето во детската заштита се приоритет за СДСМ, стои во партиското соопштение.

Слични содржини