Изгубил станови во Тетово и Охрид откако од лихвари земал 25.000 евра

од Nikola Popovski
115 прегледи

МВР соопшти дека тетовец пријавил дека без негова согласност изгубил станови во Тетово и Охрид, откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани.

Во СВР Тетово, вчера во 19 часот 59 – годишник од Тетово пријавил дека од В.К.(46), во присуство на С.С.(47), двајцата од Тетово, во текот на 2014 година зел парични средства со камата во износ од 25.000 евра.

Според пријавеното, после тоа, во текот на изминатите години се до пријавувањето, за подмирување на камати и долгот вкупно им исплатил повеќе од 150.000 евра, односно без негова согласност му биле продадени два станови, од кои еден во Тетово и еден во Охрид, а кои ги ставил како гаранција со нотарски акт за долгот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Слични содржини