Изјави за придржување кон превентивни мерки ќе потпишуваат функционерите кои ќе патуваат во странство

од Берта Китинска
124 прегледи

Лицата избрани носители на јавни функции, вработени во Владата и министерствата, државјани на Република Северна Македонија при излегување од државата поради итни неодложни државни интереси – работни обврски од државен интерес, задолжително потпишуваат изјава при излез од државата за доследно придржување кон пропишаните основни превентивни мерки.

Овие мерки предвидуваат носење заштитна маска со избегнување на допирање на лицето (очи, нос, уста) со рацете, често миење на раце или дезинфекција на раце за време на престојот надвор од државата, одржување физичко дистанцирање од 1,5 – 2,0 m и намалување на физички контакти (се забранува поздравување со раце), а се препорачува да не се користи јавен превоз и такси во местото на престој.

По враќање во земјата се спроведуваат одредени превентивни мерки во период од 14 дена од денот на влегувањето во државата за кој период се препорачува дека не е потребно спроведување на тестирање за КОВИД-19, дека е потребно носење заштитна маска во затворен простор, а доколку се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице маска не е задолжителна со внимателно избегнување на допирање на лицето со рацете.

Исто така, треба да ги ограничат на минимум личните и професионални контакти со други лица од нивната околина и надвор од неа, при евентуален контакт со други лица задолжително да носат заштитна маска, должни да се придржуваат кон упатствата за намалување на ризикот од пренесување на инфекцијата, често да ги мијат рацете или нивна дезинфекција, како и да избегнуваат физички контакт и одржување дистанца од најмалку 1,5 – 2,0 m при контакт лице-в-лице.

-Се препорачува мерење на телесна температурата наутро, и доколку е поголема од 37,2 ° C или ако лицето има симптоми (треска, отежнато дишење, сува надразнителна кашлица) да го контактира телефонски својот матичен лекар или да ја извести регионалната епидемиолошка служба (на постоечките телефони за контакт на ИЈЗ и ЦЈЗ) кои ќе одлучат за понатамошниот третман. Доколку состојбата бара итна хоспитализација се повикува итна медицинска помош или со сопствено возило во придружба на еден член на семејството ја посетува најблиската КОВИД болница, со претходна најава по телефон, се вели во соопштението од Владата.

Слични содржини