172
Грубо насилство било пријавено во СВР Охрид – двајца мажи вчера претепале сопружници, откако претходно ги извлекле од возило.
ОВР Струга поднело кривична пријава против Д.И.(40) и М.И.(38), двајцата од струшкото село Шум, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
Според соопштеното од СВР Охрид, на 30 јули годинава, локален пат помеѓу селата Добовјани и Горно Татеши, пријавените го попречиле движењето на комбито во кое се превезувале В.И.(43) од Струга и неговата сопруга и физички ги нападнале.