485
Лице излегло од своето возило и нападнало возач на автобус на ЈСП, извести Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен синоќа
-На 30.06.2023 во 20.05 часот А.С.(42) од Скопје, пријавил дека околу 12.20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, додека управувал автобус на ЈСП, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице кое било со патничко возило, стои во полицискиот билтен.
МВР презема мерки за расчистување на случајот.