Излегува првиот постмортем сингл на Џорџ Мајкл

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Овој четврток ќе биде претставен првиот сингл на ѕвездата Џорџ Мајкл по неговата смрт пред речиси една година. Новото, необјавено досега парче на поп легендата ќе ја направи својата премиера во етерот на BBC Radio 2, а во моментов деталите околу него остануваат во тајност.

Единствената информација е дека тоа гледа виделина благодарение на двете поголеми сестри на пејачот – Мелани и Јода. “Ќе продолжиме да се обидуваме да го споделуваме и да се насладуваме на непроценливото наследство (на Џорџ), да ви носиме радост преку исклучително убава музика … Планираме да ги објавиме сите проекти, над кои тој работеше толку напорно и тоа за вас”, напишаа двете во заедничко соопштение објавено на официјалниот сајт на братот.

Фронтменот на групата Wham! и соло изведувач почина неочекувано на Божиќ минатата година на 53-годишна возраст од срцева криза. Подоцна извори издадоа дека пред смртта Мајкл го подготвувал враќањето на сцена со нов албум, кој требаше да биде пуштен на пазарот оваа година – 4 години по “Симфоника”. Ако гласините се вистинити, тогаш ѕвездата поседува одделно необјавен музички материјал за создавање на најмалку 3 други албума.