291
Стрипот со кој се слави животот на Оливија Њутн-Џон, најпозната по нејзината главна улога во мјузиклот „Брилијантин“ од 1978 година, треба да биде објавен на 21 септември, пет дена пред роденденот на покојната актерка и пејачка.
Њутн-Џон, со британско-австралиско потекло, почина на 8 август. Таа оваа година ќе го прославеше својот 74 роденден. Студиото TidalWave Comics стои зад стрипот од 36 страници во нејзина чест.
Њутн-Џон е родена во Кембриџ, Англија во 1948 година. Таа има освоено четири Греми и многу други награди, вклучувајќи ги и Американските музички награди.
Таа секако е најпозната по улогата во „Брилијантин“, филмската адаптација на истоимениот мјузикл, во кој нејзин партнер беше Џон Траволта.