Траволта се прости од Њутн Џон: Те сакам многу, твојот Дени

од Nikola Popovski

Актерот Џон Траволта, партнерот на Оливија Њутн-Џон во култниот филм „Брилијантин“, на Инстаграм по веста за нејзината смрт напиша дека „сите животи ги направила подобри“.

„Твоето влијание беше неверојатно. Те сакам многу. Ќе се видиме повторно и повторно ќе бидеме заедно. Твој од првиот момент кога те видов и засекогаш. Твојот Дени, твојот Џон“, напиша Траволта.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон почина денеска на 74-годишна возраст.

Фото: Fotos International/Getty Images; Jon Kopaloff/Getty Images

Слични содржини