Излетале со „голф“, тешко повредена сопатничка

од Nikola Popovski
216 прегледи

Две млади лица се повредени во сообраќајка несреќа која се случила утрово, информираат од полицијата.

-Денеска во 02.15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево кај с. Оровник, патничко моторно возило „голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од с. Мешеишта, Струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од с. Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини