Излезе новиот трејлер за „Spider-Man: Far From Home“ (ВИДЕО)

од Vlatko K
165 прегледи

Утрово во „Добро утро Америка“, „Sony“ и „Marvel“ пуштија нов трејлер за „Spider-man: Far From
Home“, покажувајќи го животот на пријателскиот суперхерој како резултат на настаните од
„Avengers: Endgame“.


Во првиот трејлер кој излезе порано оваа година, го видовме Питер Паркер (Том Холанд) како се
упатува кон Европа, само за да биде повикан од Ник Фјури (Семјуел Џексон) за мистериозна мисија.
Тој, исто така, ни даде прв поглед на долгогодишниот негативец од универзумот на Спајдермен,
Мистерио, толкуван од Џејк Џиленхол.

Претходно треба да знаете, видеото има многу спојлери за „Avengers: Endgame“. Сериозно: Дури и
Том Холанд ги предупредува луѓето за спојлерите.
Дали сте подготвени? Добро.

Како што може да се заклучи од фактот дека човекот-пајак е во новиот филм за човекот-пајак,
„Одмаздниците“ успеале да ги променат активностите на Танос на крајот на „Avengers: Endgame“,
спасувајќи ги сите херои кои негативецот ги обезличи во „Avengers: Innity War“, вклучувајќи го и
Питер Паркер.

Новиот трејлер покажува дека самиот Питер се уште страда и ја преживува смртта на својот ментор
и татковска фигура, Тони Старк. Тој презел нови одговорности вклучувајќи да комуницира со Ник
Фјури и да гочува целиот Њујорк од лошите. Јасно е дека новиот филм ќе го замени вообичаениот
за човекот-пајак лесен тон со построга приказна за созревањето на еден млад херој.
„Spider-Man: Far From Home“ тргнува по кината на 5 јули 2019 година