Излезе трејлерот за најочекуваниот Бетмен, прегледан 10 милиони пати за неколку часа

од Vladimir Zorba

Излезе трејлерот за најочекуваниот Бетмен, и за само неколку часа собра скоро десет милиони прегледи на Јутјуб. Бетмен во новиот филм го игра Роберт Патинсон, а обожавателите едвај ја чекаат премиерата.

Во трејлерот, кој беше објавен вчера на YouTube каналот Warner Bros, се прикажани неколку култни ликови, меѓу кои и Жената мачка (Зои Кравиц) и Пингвинот (Колин Фарел), како и Бетмобилот, кој „лета“ по улиците и излегува неповреден од експлозии.

Објавата започнува кога полицијата апси маж во кафуле. Млекото во неговото кафе се претвора во знак прашалник, знак за непријателот на Бетмен, познат како Ридлер.
Подоцна на снимката, се слуша гласот на Патинсон што ја опишува ситуацијата во Готам Сити: “Ова е буре барут. Ридлер е тој”.

Премиерата е закажана за март следната година.

Слични содржини