163
Во општина Центар Жупа на денешните повторени избори за градоначалник, обезбеден е потребниот цензус од една третина од вкупно запишаните лица во еднствениот избрачки список.
– До 17 часот на гласање излегле 2984 лица или 41,7 отсто од 7.154 колку што изнесува вкупното гласачко тело. Потребниот цензус беше 2852 гласачи. Во гласачкото ливче денеска имавме само еден кандидат предложен од политичка партија, рече Неџип Илјаз претседател на ОИК.
Овој пат излезноста ја зголеми присуството на печалбарите, кои традиционално летните одмори ги минуваат во родниот крај.