147
Изложба на фотографии од војната во Украина ќе биде вечерва отворена во Бруталиск, по повод годишнината од руската агресија.
Изложбата се фокусира на украинските градови, нивните жители и инфраструктура во услови на војна и ги претставува маките и победите на жителите на украинските градови низ фотографии на фоторепортери на познати медиски куќи.
Изложбата се отвора денес во 19ч. во Бруталиск на бул. Илинден 38А и е организирана во соработка со здружението на Украинци „Лесја Украинка”.