Велерва во Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп ќе биде отворена изложба „Превдомување” на прилепската уметница Јасмина Руневска.

Станува збор за инсталација – имитација на дом преку затворена композиција, изработена со метална конструкција и саргии. Инсталацијата е во вид на кружна соба исполнета со објекти, сувенири, звук, светлина, миризби со цел гледачот да се воведе во приказната за амбиентална уметност.