Во Музеј галерија на Кавадарци вечерва беше отворена изложба на младите кавадаречки уметници Ива Јосифова, Горан Боев и Трајче Јованов.

изложба-1- (1)

– Ова е прекрасна промоција на уметничко тројство на овие наши врвни уметници, секој во својата ликовна техника. Секој свој и автентичен во својата област, рече во своето обраќање пред многубројните присутни Весна Ѓорѓиева од кавадаречкиот музеј.

Таа нагласи дека не случајно се вели дека Кавадарци е расадник на уметници од каде изникнуваат врвни уметнички имиња како уметниците чија изложба беше отворена вечерва.

Јосифова е родена 1980 во Кавадарци и има дипломирано на Факултетот за ликовни уметности Скопје. Има реализирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и странство. Добитник е на бројни награди.

Горан Боев е роден 1982 година во Кавадарци и има дипломирано и магистрирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Има неколку самостојни и групни изложби.

Трајче Јованов е роден 1990 година и има дипломирано на истиот факултет. Има учествувано на повеќе групни изложби

Слични содржини