23
Општина Центар информира дека манифестацијата „Cruise Cult 2025“, која ја претставува и ја слави културата и уметноста на мотоциклизмот ќе се одржи на 29 јуни 2025 година, од 12:00 до 17:00 часот, во Паркот на Франкофонија.
Програмата на „Cruise Cult 2025“ ќе биде поделена на неколку целини. Ќе бидат изложени внимателно одбрани мотоцикли од сите значајни категории – chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, rare и classic. Во секоја класа ќе бидат претставени неколку карактеристични модели.
Во рамки на настанот ќе биде поставена и фотографска изложба, со селекција од 10 до 15 фотографии што го доловуваат визуелниот идентитет и животниот стил на мото-културата.