На 10.10.2025 година (петок) во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје – објект Педагошка со почеток во 19 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Приказни од замислен град“ која што ќе се отвори
Изложбата е резултат на повеќемесечната соработка помеѓу студенти и наставен кадар од Факултетот за ликовни уметности, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Северна Македонија) и Колеџот за кинеска и АSEAN уметност при Универзитетот во Ченгду (Кина).
Оваа изложба ја обединува мултидисциплинарната група студенти од Скопје (РС Македонија) и Ченгду (Кина), кои потекнуваат од различни студиски подрачја како сликарство, графика, визуелни комуникации и дизајн на продукт. Секој студент, во соработка со партнер од спротивниот универзитет, замислува како би изгледал родниот град на својот партнер за 100 години во иднината. По повеќемесечна соработка на далечина, процесот кулминираше со изработка на дела во различни медиуми – дигитални и традиционални слики и цртежи, текстилни модели, анимации и спекулативни игри, кои ја покануваат публиката да размисли за иднината на заедниците, природата, технологијата и значењето на домот.