Изложбата „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“ во НГМ

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Во пресрет на одбележување „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“ на 12 мај ќе биде изложена поставка во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам.

Неговиот животен пат од Албанија го води во Милано и Рим, Италија, каде творечки се развива во светската Академија за ликовни уметности Брера, а во понатамошниот професионален и личен развој создава, изложува и другарува со најпознатите имиња на светската уметност, како што се: Пабло Пикасо, Анри Матис, Амадео Модиљани, Жорж Руо, Жорж Брак, Хуан Миро, Оскар Кокошка и други.

Ибрахим Кодра изработил повеќе фрески за најпознатите музеи и згради во Милано и изложува низ повеќе центри во целиот свет (Њујорк, Токио, Палермо, Штутгарт и други), достигнувајќи многу голем успех. Неговите уметнички дела, создадени со пост-кубистички влијанија, се збогатени со реминисценции на традицијата на неговата татковина, Блискиот Исток, Византија, средбите на културите на Средоземното Море. Неговите уметнички дела се наоѓаат во многу музеи и приватни збирки, како што е Музејот на Ватикан. Изложбата ќе трае до 12 јуни 2018 година.