ИЗМАМА ВО ИНДИЈА: Ги „вакцинирале“ со солена вода и им наплаќале

од Stefanija Kuzmanovska
325 прегледи

Илјадници луѓе во Индија се жртви на разработени шеми за измама во кои се продавале лажни вакцини против коронавирус и со нив биле вакцинирани луѓе, а меѓу уапсените има и лекари и медицински работници, соопштија денеска индиските власти.

Најмалку 12 лажни операции за вакцинација се одржани во или во близина на Мумбаи, во западно индиската држава Махараштра, изјави Вишал Такур, висок службеник на полицискиот оддел во Мумбаи.

– Користеле солена вода и ја инјектирале. Во секој лажен камп што го имале го правеле ова, рече Такур.

Се проценува дека 2.500 лица примиле лажни вакцини, а организаторите за вакцинација им наплатувале на овие жртви за тие вакцини, заработувајќи вкупно 28.000 долари, пренесува „Блиц“.

– Уапсивме лекари. Тие користеа една болница која произведувала лажни сертификати, шишиња, шприцеви, рече Такур.

Досега се уапсени 14 лица под сомнение за измама, обид за убиство, заговор и низа други кривични дела.

 

Слични содржини