Измамен граѓанин: Платил 4000 денари за мобилен, добил само две заштитни маски

од Nikola Popovski
396 прегледи

Маж од кочанскиот регион по договор со лице од Гевгелија, уплатил на неговата сметка 4.000 денари, но во пратката која потоа ја добил, имало само две заштитни маски за телефон, соопштија од СВР Кочани, каде работат на расчистување на случајот.

Според портпаролката на СВР Штип, Гордана Панајотова 46-годишен маж од Кочанско вчера во 19 часот во Полициската станица во Кочани пријавал оти од страна на лице, кое се претставило како И.Т од Гевгелија, бил доведен во заблуда, доколку уплати 4.000 денари на сметка, за возврат по карго ќе му го испрати мобилниот телефон.

Откако пријавителот во банка ја уплатил наведената сума, по карго му бил испратен пакет, но наместо телефон имало предемет со две маски од телефон.

Се работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.

Полицијата апелира граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.

Слични содржини