23
87-годишна жена останала без 6.000 евра кои му ги дала на лажниот полицаец за нејзината ќерка да не оди во затвор поради измислена сообраќајна несреќа.
„На 11.02.2025 во 13.10 часот во СВР Скопје, 87-годишна жена од Скопје пријавила дека на 10.02.2025 била измамена од едно машко лице за сума од 6.000 евра“, информираат од МВР.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и ѝ кажало дека нејзината ќерка во Канада предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете и доколку не сакала таа да лежи во затвор требало да плати. Парите ги оставила на претходно договореното место.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата.