Измамниците уште успеваат – излажале стара жена да им даде пари „за да ја спаси ќерка ѝ од одговорност за сообраќајка“

од desk2
37 прегледи

Како што соопшти СВР Тетово, 83-годишна тетовка вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.000 евра.

Според пријавеното лицето ѝ се јавило телефонски и ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во Скопје во која загинал малолетник, и доколку не сака ќерка ѝ да оди в затвор, треба да донесе пари во Скопје.

Како што посочила измамената, таа ги однела парите на договореното место, а подоцна откако се слушнала со нејзиниот зет, сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.