Четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 27 лица со лесни телесни повреди во 18 од вкупно 34 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 16 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
![]()
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила еден возач кој возел под дејство на алкохол, шест возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и две возила нерегистрирани.
Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 111 возила.
Казнети се и четворица возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за не правилно престигнување, и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.