Изминатото деноноќие произведени 10.092 MWh електрична енергија

од Nikola Popovski
411 прегледи

АД ЕСМ на 17.11.2022 година произведе 10.092 MWh електрична енергија, информираа од Владата

Во Термоелектраните произведени се 7.692 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.400 MWh.

-Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3.110 MWh електрична енергија. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 17.11.2022 година, појаснија од „Илинденска бр.2“.