Изминатото деноноќие произведени 16.632 MWh електрична енергија, целосно задоволени потребите

од Nikola Popovski
278 прегледи

Владата информира дека АД ЕСМ на 29.12.2022 година произведе 16.632 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.

Во Термоелектраните произведени се 9.942 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.690 MWh.

-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 29.12.2022 година, истакнаа од Владата.

Слични содржини