Изминатото деноноќие произведени 7.616 MWh електрична енергија

од Nikola Popovski
295 прегледи

АД ЕСМ на 20.11.2022 година произведе 7.616 MWh електрична енергија. Во Термоелектраните произведени се 5.643 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 1.973 MWh, информираат од Влада.

Од таму додаваат и дека во изминатото деноноќие ЕСМ набави 3.160 MWh електрична енергија.

-Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 20.11.2022 година, појаснуваат од „Илинденска бр.2“.