Изминатото деноноќие произведени 10.408 мегават час електрична енергија

од Nikola Popovski
128 прегледи

Владата информира дека АД ЕСМ на 10.11.2022 година произведе 10.408 мегават час електрична енергија.

Од таму додаваат дека во термоелектраните произведени се 7.562 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.846 MWh.

-Во изминатото деноноќие ЕСМ набави 2.400 MWh електрична енергија.  Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 10.11.2022 година, додаваат од „Илинденска бр.2“.