278
Владата информира дека АД ЕСМ на 29.12.2022 година произведе 16.632 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 9.942 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.690 MWh.
-Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.500 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата. Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 29.12.2022 година, истакнаа од Владата.