Изненадувачки раст на германската економија во првиот квартал

од Vladimir Zorba
6 прегледи

Германската економија оствари изненадувачки добри резултати во првиот квартал од годината, забележувајќи раст од 0,4 проценти на годишно ниво во средината на долготрајната криза.

„Неочекувано добриот економски развој“ придонесе стапката на раст да биде двојно поголема од предвиденото, изјави Рут Бренд, раководителка на Канцеларијата за национална статистика.

Генератор на растот беше извозот и домашната потрошувачка. Производството и извозот на автомобили и лекови, две клучни извозни гранки на домашната економија, пораснаа особено силно.

Овој развој на настаните одразува напор да се заврши што е можно повеќе работа пред царинските мерки на САД и можниот трговски конфликт меѓу САД и Европа.

Во споредба со првиот квартал од минатата година, потрошувачката се зголемила за 0,5 проценти, што статистичарите го припишуваат на враќањето на стабилните цени по силниот бран на инфлација.

И покрај закрепнувањето во првите три месеци, економијата се соочува со трета година по ред рецесија за прв пат во историјата на Сојузна Република Германија.

Слични содржини