Маринци ќе бидат испратени во Сирија за безбедност на воено-воздухопловната база во Латакија, соопшти официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков, цитиран од Интерфакс.Според генералот, маринците ќе се еден баталјон, но ќе имаат и со дополнителни технички средства. Тој потврди дека целата руска воена сила во базата во Латакија се обезбедува материјално-технички преку снабдување од Русија, а локалните власти испорачуваат исклучиво овошје и зеленчук за војниците.
Пред 1 ден шефот на администрацијата на рускиот претседател Сергеј Иванов изјави категорично дека за борба против “Исламска држава” Москва ќе ги користи само воено-воздушни сили. Во меѓувреме стана познато дека Владимир Путин им вети на сите војници, испратени во Сирија да им биде признат статус на “учесници во борбени дејствија”. Ова обезбедува значителни предности при формирање на платите и социјалните бенефиции, кои војниците ги добиваат.


