Изненадување! Балотели пред трансфер во САД

од Vladimir Zorba

Големата ѕвезда на Ница, Марио Балотели може да се упати кон САД во текот на летото и да премине во Ди Си Јунајтед, тврди „Sport Illustrated“.

Според последните информации од раководството на клубот влегле во контакт со неговиот менаџер Мино Раиола и разгледувале каква можност има тие да го привлечат.

Тоа би бил доста чуден потег од страна на Италијанецот, бидејќи тој игра многу силна сезона со Ница и има 14 гола во Лига 1, а кон него има и сериозен интерес од Италија и неговото име се поврзува со големите тимови на Апенините.

Од Ди Си Јунајтед сепак планираат да му понудат одлична сума на стрелецот само за да пристигне во тимот.

Кон Балотели интерес пројавуваат уште Рома, Наполи, Јувентус, Фиорентина и кинески тимови.

Слични содржини