Изненадување: Фјури го фали Вајлдер

од Aleksandar Petrovski
298 прегледи

Тајсон Фјури никогаш не бил по фалењето, но изненадувачки за сите, тој му оддаде почит на својот стар ривал Дионтеј Вајлдер. Двајцата ќе се борат во Лас Вегас на 22 февруари за титулата од Светскиот боксерски совет. Средбата ќе биде реванш на нивниот епски судир од крајот на 2018 година.

„Не е тајна дека Ентони Џошуа не сака да се бори против Вилдер, кој е најсилниот „удирач“ во историјата на боксот и тешката категорија. Се уверив во тоа. Не сум изненаден зошто Џошуа не сака да се соочи со таа десница. Ентони е неспособен да се движи како мене. Едноставно ќе биде закован“, вели тој.

Слични содржини