Една од ѕвездите на италијанскиот фудбалски гигант Милан и на португалската репрезентација, Рафаел Лео може да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, пренесува Тутоспорт.
Шеиците се подготвени да платат 90 милиони евра за неговиот потпис, што е нешто повеќе од половина од неговата ослободителна клаузула од 175 милиони евра во договорот со „росонерите“. Офанзивниот фудбалер доби исклучително висока понуда за плата од Ал-Хилал каде играат Калиду Кулибали, Александар Митровиќ, Сергеј-Милинковиќ Савиќ и Рубен Невеш, а главен тренер е неговиот сонародник Жорже Жесус. Се уште не е јасно дали Леао ќе се согласи да ја напушти Европа бидејќи има само 25 години, што многумина веруваат дека е златното доба во светот на фудбалот.
Пред неколку дена стана јасно дека аргентинската суперѕвезда Лионел Меси одбил трансфер во овој саудиски гигант.
Леао игра во Милан од 2019 година. За „росонерите“ запиша 210 натпревари и постигна 58 гола. Тој еднаш го освои шампионатот на Италија.
Тој е репрезентативец на Португалија со 27 натпревари и 4 гола за „морнарите“.