Изненадување: Меси без размислување рече кој е најдобар

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Во мода е познатите фудбалери да ги избираат најдобрите играчи и состави, а истото го направи и Лионел Меси.

Во својата кариера, Аргентинецот играл со или против некои од најдобрите фудбалери во светот како што се Кристијано Роналдо, Андрес Иниеста, Тиери Анри, Нејмар, Мбапе и многу други.

Но, ниту еден од нив не е најдобриот што Меси го видел играјќи фудбал. За Лео, тоа е познатиот Бразилец Роналдо Назарио.

„Роналдо Назарио беше феномен. Од сите напаѓачи што сум ги видел, тој е најдобар за мене. Импресивен играч во секој поглед“, рече Меси.

Тој го наведе поранешниот играч на Манчестер Сити, Пабло Мафео, како најтешкиот дефанзивец против кој играл.

Слични содржини