Изнудени ад хок решенија, вели Мицкоски за замрзнувањето на цените и зголемувањето на минималната плата

од Nikola Popovski
124 прегледи

Изнудени ад хок решенија не се решенија. Само ќе потсетам дека Македонија како држава има двојна поголема инфлација од инфлацијата во Еврозоната, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како одговор на новинарско прашање како го коментира замрзнувањето на цените на основните прехранбени производи и зголемувањето на минималната плата и пензиите.

Според него, ќе има влошување на состојбата и поради тоа, како што вели, потребни се предвремени избори.

-Треба да дојдат луѓе кои знаат како да се справат со предизвиците. Мораме да ја спасиме Македонија, одговори Мицкоски при посетата на општина Битола.