Изолационизмот на Путин стекна официјален карактер

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Еволуцијата на Стратегијата за национална безбедност, чија нова верзија беше објавена на 31 декември 2015 година, е драгоцен материјал за учење на стравовите, параноја и конфузија, кои го  зафатија денеска Кремљ. Познато е дека во текот на својот трет претседателски мандат Путин ја создаваше сликата на западниот непријател кој се обидува да ја уништи Русија. Фактот дека овој лик нашол одраз во стратешкиот документ не е ниту зачудувачки, ниту особено важен. 4584568Важноста на новата Стратегија за национална безбедност се состои во тоа што за прв пат во последните 18 години – од моментот во кој претседателот Борис Елцин потпиша го првиот ваков документ – Кремљ изразува официјално жалење дека ја отворил земјата во економски и културна смисла. Елцин го потпиша својот прв декрет за ратификација на Концептот за национална безбедност, како што се викаше таа во тоа време, во 1997 година . Дури во првите постсоветски години кога Русија со сета сила се обидуваше да се зближи со западниот свет, во овој документ  за проширување на НАТО на исток беше дефиниран  како закана за националната безбедност, бидејќи слични воени групи во близина на руските граници “претставуваат потенцијална воена опасност при отсуство на агресивни намери во однос на Русија”. Но, од гледна точка на авторите на овој декрет и на самиот Елцин, тоа не беше најсериозната закана. Главен извор на грижи во тоа време беше економијата: “Главната причина за тоа е милсите за кризните симптоми во руската економија. С е собираа  производството и се влоши неговата структура во споредба со периодот пред реформите. Се намалува инвестиционата и иновативна активност. Расте научно-техничкото заостанување на Русија од развиените држави. Се засилува  зависноста од увоз на храна и производи за широка потрошувачка, опрема и технологија. Надворешниот и внатрешниот државен долг расте “. Вознемиреноста на Елцин беше целосно оправдан . Малку помалку од една година по афирмација на указот за Концептот цените на нафтата се намалија до 10 долари за барел, во Русија беа прогласени обврските по внатрешниот долг и врз нејзината репутација беше нанесен најсилниот удар за целиот постсоветски период. Земјата се покажа целосно беспомошна во економска смисла, и само драстичната девалвација и присуството на неискористени индустриски капацитети и  дозволија постепено да се застане  во редот од ударот, зголемувајќи го производството.

Овој документ беше малку променет во 2000 година, кога Елцин поднесе оставка и претседател стана Владимир Путин. Во центарот на внимание на авторите сеуште беа економските проблеми, но во него исто така си најде одраз и растечката загриженост по повод интервенцијата на Западот и проширувањето на НАТО: “Издигнатият во ранг на стратешка доктрина транзиција на НАТО кон енергетските / воени / активности надвор од зоната на одговорност на блокот и без санкција на Советот за безбедност на ОН се заканува со дестабилизација целата стратегиско опкружување во светот”.

ракети

Во новиот документ беа додаени  и други видливи промени. На пример, таму каде што во оригиналниот документ се зборуваше за потребата од конструктивна децентрализација, која ќе им овозможи на бројните региони на земјата да се здобијат со поголеми овластувања, првата  путиновска  опција содржеше упатства за потребата од создавање на “строга вертикала на извршната власт” – ова Зборот стана лајт мотив на неговиот прв претседателски мандат. Во овој документ се поставуваше акцент на потребата од засилувањето на улогата на државата во нејзината борба со сите видови закани како воени, така и економски. За разлика од оригиналниот документ, во него не се содржеа никакви индикации дека премногу големата армија е сериозно бреме за слабеење на  руска економија. Општо земено, Путин успеа да ги  реализира своите планови, за што помага растот на приходите од продажбата на нафта.

Следната т варијанта на програмата за национална безбедност беше развиен во 2009 година, кога Дмитриј Медведев привремено го замени Путин на функцијата претседател. Неговата верзија на стратегија требаше да опстане до 2020 година Медведев, кој во моментов ја  зазема функцијата премиер, сака бројни  и премногу прогресивни документи. За разлика од двете претходни верзии, неговиот опција не беше лишена од суета: во него се зборуваше дека последиците од економската криза во Русија се надминати и дека нејзините ресурси и богатства помагаат за зголемување на нејзиното влијание на меѓународната сцена. Дури веќе стана традиционална точка за НАТО, како закана за националните интереси на Русија, создаваше впечаток дека овој сојуз претставува само мала пречка, која може да се надмине со помош на решителни дипломатски чекори: “Русија е подготвена да ги развива односите со НАТО врз основа на рамноправноста и во интерес на зајакнување на сеопштата безбедност во Евро-Атлантскиот регион, длабочина и содржина на кои ќе се утврди подготвеноста на Алијансата да ги земе предвид легитимните интереси на Русија”. Овој дигнат тон изгледаше ослободен. Русија успешно  ја доживеа светската финансиска криза благодарение на своите гигантски  девизни резерви, цената на нафтата доближувањето  на 70 долари за барел и долгорочните прогнози беа исклучително поволни.

Оваа верзија на Стратегијата за национална безбедност е нај антизападната од сите. НАТО и ЕУ се обвинети дека не можеле да обезбедат безбедноста во Европа и како потврда на тоа се наведува миграциската криза. Во документот се вели дека САД и ЕУ го поддржуваат “неуставен државен удари” во Украина, кои доведе до длабоки поделби во украинското општество и избувнувањето на вооружен конфликт “. Авторите на документот тврдат дека Западот има намера да ги тргне “легитимниот политички режими”, што ќе доведе до дестабилизација и појавата на нови жаришта. Таму исто така се зборува дека причина за подемот на “Исламска држава” е “политика на двојни стандарди, која некои земји   ја водат во борбата против тероризмот”. Овие “некои земји”, исто така  ја користат “информатичката и комуникациска технологија за постигнување на своите геополитички цели, вклучувајќи преку манипулирање на јавната свест и фалсификување на историјата”. Самата Русија со нејзината контролирана од државата пропагандна машина која  ги турка  независните медиуми, по се изгледа не се однесува на оние “некои земји”.

timthumb  Во листата со закани  за економските проблеми заземаат второстепено место. Кремљ се уште е вознемирен од зависноста од извозот на енергетски ресурси, но заедно со тоа меѓу економските закани се сопна “незаштитеноста на националниот  финансиски систем од активностите на нерезиденти и шпекулативен странски капитал, ранливоста на нејзината информациска структура”, а исто така “регистрацијата на правото на сопственост во однос на значителен дел од организациите во туѓи јурисдикции “.

Путин, исто така е загрижен од “замаглување на традиционалните руски духовно морални вредности и слабеењето на единството на мултинационалните народ на Руската Федерација преку надворешна културна и информациски експанзија”. Стратегијата за национална безбедност од 2000 година ги издаваше плановите на Путин за зајакнување на централната власт и државата во нејзината  целина на  советско и царско величие. Стратегијата од 2015 е декларација за одбранбени, изолационистичка намери.

Нема никакви причини да мислиме дека Путин планира да ги  решава економските проблеми на Русија, претворајќи ја во подостапна за странскиот капитал или да ја  потенцира нејзината интеграција во глобалните пазари. Не, тој планира да продолжи  со движењето во спротивната насока. Тој располага со уште многу време за да се направи тоа. Русија сеуште има златни и девизни резерви, за да издржи до крајот на оваа година и дури – кај штедлив пристап – до претседателските избори во 2018 година Легенрадното трпение на рускиот народ не е исклучено порано или подоцна да се исцрпи, но побликсу е дека  тоа ќе се задржи до 2018 година благодарение на работата на големиот апарат за осигурување на безбедноста. Дури и ако на Путин му се наложи да слезе од власт како резултат на следните избори, во моментот на промена на политички режим Русија ќе стане многу затворено и изолирано општество.

————————————————

Леонид Бершидски “Блумберг”.