Американскиот производител на играчки Toner Doll Company пушта детска кукла со надворешeн изглед на 16-годишниот трансџендер Џез Џенингс, соопштува Daily Mirror.
Куклата беше прикажана во Њујорк на изложбата на играчки New York Toy Fair. Се очекува новата играчка да излезе во продажба од јули месец. Самата Џенингс вели дека ова е прва кукла-трансџендер.
Џенингс бил на 4 години, кога го дијагностицирале со полова дисфорија.
Таа стана една од најпознатите трансџендери во САД, падна и во рангирањето од 2014 година на магазинот Time за 25-те највлијателни адолесценти.
Компанијата Toner Doll Company е специјализирана во изработката на кукли со надворешност на ликови од филмовите, книги и стрипови како “Хари Потер”, “Господарот на прстените” и “Самрак”.
Значителен дел од производството е наменет за колекционери, а не за деца.