Три лица се полесно повредени кога автомобил влета во толпата демонстранти во Израел кои протестираа поради усвојувањето на контроверзната судска реформа денеска.
Локалните медиуми објавија видео на кое се гледа како автомобил удира во мала толпа на автопат блокиран од демонстрантите, пренесува Ројтерс.
Полицијата соопшти дека започнала потрага по автомобилот и возачот.