Израелското кошаркарско првенство е прекинато поради ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран. Третиот и воедно одлучувачки натпревар од финалето на плејофот за шампион на Израел меѓу Макаби од Тел Авив и Хапоел од Ерусалим нема да се одигра.
Моменталниот резултат е 1-1 во серијата, а одлучувачкиот натпревар требаше да се игра синоќа во Тел Авив, но беше откажан поради иранскиот ракетен напад врз тој град.
Раководството на Макаби, Хапоел и Кошаркарската федерација на Израел изразија желба натпреварот да се игра во Еилат, град кој се наоѓа на самиот југ од Израел, но армијата категорично одби бидејќи смета дека е премногу ризично натпреварот да се игра било каде на територија на Израел.
Конечна одлука за тоа како ќе заврши шампионатот сè уште не е донесена, а постојат две сценарија: двата тима да ја поделат титулата или сезоната да биде откажана без шампион.