Израел донесе одлука: „Нема да ја одложуваме копнената офанзива поради заложниците“

од Stefanija Kuzmanovska
602 прегледи

Израел нема да ја одложи копнената инвазија на Газа поради заложниците кои таму ги држи палестинската милитантна група Хамас, изјави израелскиот министер за енергетика за германскиот таблоид „Билд“.

Вооружени лица на Хамас убија 1.400 луѓе и зедоа повеќе од 200 заложници во прекуграничен напад на 7 октомври.

Во интервју објавено во вторникот, израелскиот министер за енергетика, Израел Катц, рече дека ќе се направи се за да се вратат заложниците дома.

„Но, тоа не може да ги спречи нашите акции, вклучително и копнена офанзива, доколку решиме да го сториме тоа“, рече Катц, наведува весникот.

 

„Хамас сака да се занимаваме со заробените и сака армијата да не влегува за да ја елиминира нивната инфраструктура. Тоа нема да се случи“, додаде Катц.

Во понеделникот вооруженото крило на Хамас ослободи две заробени постари Израелки поради здравствени причини.

Слични содржини