Израел донесе важна одлука на границата со Либан

од Nikola Popovski
80 прегледи

Израелската армија објави дека ја преместува 98-та дивизија од Појасот Газа кон северната граница со Либан, каде сега ќе се приклучи на 36-та дивизија под Северната команда, пренесува „Ал Џезира“. Во меѓувреме, либанското Министерство за здравство објави уште шест смртни случаи по експлозиите на воки-токи уреди низ целата земја, со што бројот на жртви достигна 20, а повеќе од 450 лица се повредени.

„Со врвна подготвеност на северниот фронт, израелската армија одлучи таму да ја премести елитната 98 бригада. Бригадата првично требаше да ги продолжи борбите во Газа, но во последните неколку дена беше одлучено да се префрли на север“, наведува Радиото на Израелската армија.

Прекуграничниот оган меѓу израелските сили и либанската вооружена група Хезболах, поддржана од Иран, е речиси секојдневен откако Израел ја започна војната во Газа пред речиси една година. Ова принуди десетици илјади луѓе од двете страни да ги напуштат своите домови и се закани со поширок регионален конфликт.

По бранот експлозии во Либан вчера и завчера се зголемија стравувањата од целосна војна.

Пред неколку дена, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави дека неговите цели за војната во Газа се прошириле и им дозволува на Израелците кои избегале од областа во близина на либанската граница да се вратат во своите домови.

Синоќа израелскиот министер за одбрана објави дека започнала „нова фаза“ од војната.

Слични содржини