Израел го нападна Либан

од Nikola Popovski

Израелската армија ја погодила областа Калија, јужно од либанскиот град Тир, јавува дописникот на „Ал Џезира“.

Претходно Хезболах тврдеше дека ја таргетирал воздушната контролна база Марун во Џабал ал-Јармак во Израел со 62 проектили од различен тип и нанел директни и потврдени удари. Како одговор, Израел извршила рации на либанска територија.

Израелските сили сега одговараат со воздушни напади за да му дадат до знаење на Хезболах дека се подготвени за конфликт, пишува „Ал Џезира“.

Во последните неколку недели, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант, кои оваа недела беа во посета на пограничните градови на северот, изјавија дека Израел е подготвен да употреби секаква форма на сила доколку Хезболах продолжи со нападите на северните граници.

Премиерот претходно истакна дека Бејрут би можел да биде уште една Газа доколку Хезболах продолжи и дека знаат дека либанскиот народ не би сакал да види нова војна како онаа во 2006 година, која беше доста погубна за земјата.

Во меѓувреме, израелската армија во Кан Јунис, Газа, ги прошири своите операции, обидувајќи се да напредува кон главните станбени области на градот, кој се смета за еден од најтешките градови за борба за израелските војници.

Слични содржини