Израел го повика шпанскиот амбасадор поради изјава на Санчез за Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Израелското министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор шпанскиот амбасадор, изразувајќи незадоволство од изјавата на шпанскиот премиер Педро Санчез дека има „сериозни сомневања“ во тоа дека Израел го почитува меѓународното хуманитарно право.

„Со оглед на сите снимки што можеме да ги видиме, како и зголемениот број деца кои умираат, сериозно се сомневам дека Израел го почитува меѓународното право“, рече Санчез, пренесе „Ројтерс“.

Тој рече дека неселективното убиство на невини цивили, меѓу кои и илјадници момчиња и девојчиња, е целосно неприфатливо.

После тоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му наредил на министерот за надворешни работи Ели Коен да го повика шпанскиот амбасадор поради, како што рече кабинетот, „срамна забелешка“ на денот кога терористите на Хамас ги убиле Израелците во Ерусалим, пишува „Тајмс оф Израел“.

Минатата недела Санчез и неговиот белгиски колега Александар де Кроа дадоа слични коментари за време на посетата на преминот Рафа од Египет во Газа, по што израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен рече дека таквите изјави се „лажни тврдења“ и дека тие „поттикнуваат тероризам“.

Слични содржини