Израел: Хамас „води војна од болниците“ во Газа, во нив терористите слободно се движат

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Израелската војска денеска го обвини палестинското исламистичко движење Хамас дека „води војна од болниците“ во Појасот Газа и дека го користи своето население како „човечки штит“.

„Во болниците има гориво кое Хамас го користи за својата терористичка инфраструктура. Терористите слободно се движат во болницата Ал-Шифи во градот Газа, најголемата на палестинската територија и во други болници“, изјави воениот портпарол Даниел Хагари, повторувајќи го израелското обвинување дека Хамас го користи населението во Газа како „човечки штит“.

Според портпаролот, исламистичкото движење ги користи болниците како „командни пунктови и скривалишта“, од каде имаат пристап до нивната мрежа на подземни тунели.

Хамас остро возврати на овие обвинувања на израелската армија.

„Нема основа за вистината во она што го изјави портпаролот на непријателската армија“, рече Изат ал Ришк, висок член на политичкото биро на Хамас.

Тој го обвини Израел дека ги изнел наводите за „да го отвори патот за нов масакр врз нашиот народ“.

Слични содржини